Ужасна слика на искасапени кучиња ги пречекала рано утрово жителите на една од станбените згради во скопски Аеродром на булеварот АВНОЈ каде ноќеска со секира биле убиени две   кучиња – скитници.

Ниту закони, ниту полиција која постапува и штити, ништо не функционира на дело, се е само празен збор на хартија – повторно фрапантен случај на насилство во Аеродром каде се убиени две мирни бездомни животни, миленици на жителите. Едното најдено мртво, другото испушти душа во најлоши маки на пат до ветеринарна станица каде го носеа и се обидуваа да го спасат „Daisy Family Rescue“. Тие и повикаа, пријавија во полиција, се наведува во соопштението на Анима Мунди.

Како што јавија повеќе домашни медиуми, локви крв утрово имало на неколку места околу зградата и на паркингот, по што може да се заклучи дека засега непознатиот сторител ги бркал животните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.