Со 23 гласа „за”, 18 гласа против и еден воздржан, на денешната седница на Советот на Град Скопје беше изгласан ребалансот на Буџетот на Град Скопје за 2021 година, со којшто се предвидува негово зголемување за 7,4 проценти. Со ребалансот, Град Скопје има во план наместо предвидените 7.207.490, да потроши вкупно 7.738.754 денари.

Дел од советниците оценија дека ребалансот е во духот на локалните избори и дека е поттикнат од потребата да се направи движење на работите што биле ветени, а четири години не се презема никаква активност.

На дневниот ред на седницата беше изгласан и Предлог-планот за измена и дополнување на програмите за развој за 2021/2023 година.

Ребалансот предвидува зголемувања да се прават во основниот буџет на Град Скопје, во износ од 650 милиони денари, како и кај буџетот на донации, каде што се предлага зголемување на средствата во износ од 10,9 милиони денари.

Советниците на Град Скопје продолжија со гласање на останатите точки предвидени за дневниот ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.