Скопје пред сè има потреба од домаќинско работење, така со 1.7 милиони евра ќе се купат две противпожарни возила со скали, а не едно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, според кои патетични се објаснувањата и правдањата на „мрзеливиот градски арамија Шилегов дека градот има потреба од противпожарно возило со скали, да има, ама не по цена двојно поскапа од таа која ја плаќа град Загреб за исто такво возило“.

Потребата за нешто, не е оправдување за криминал. Сè е повеќе од очевидно. Возилото кое го купува Шилегов е 1.723.621 евра, исто такво возило град Загреб купил за 794.052 евра. Нема дополнителна опрема која што ќе чини повеќе од возилото. А уште посмешно е дека град Загреб би набавил неопремено возило.

Разликата во набавката од 939.569 евра е огромна. И во јавноста со право се поставува прашањето во чии џебови завршила таа, особено ако се земе во предвид дека ј фирмата која го испорачала возилото во Загреб остварила профит од набавката, така доаѓаме до фрапантни бројки.

Ова не е предмет само за ДКСК, ова е предмет и за ЈО. Не смее уште едем крупен криминал да заврши со одговорност на некој службеник, одговорност мора да има од врвот. Шилегов не може да се апстрахира од вина. Одговорност мора да има, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.