Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на својот Фејсбук-профил објави фотографија на којашто се гледа дека штотоку поставената полска болница се искривила од снегот кој и натежнал, а никој не презема ништо за истиот да го исчисти.

Снегот ги изненади надлежните” – веќе чуена фраза, ама барем снегот да го тргневте од полскава болница, паднат и е кровот, луѓе не можат да шетаат внатре, напиша Арсовски.

Градоначалникот Шилегов пред неколку дена се пофали дека за рекорден рок ја поставиле оваа монтажна болница веднаш до Инфетивната клиника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.