Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатото деноноќие на територијата на Скопје се евидентирани вкупно 22 паднати дрвја, од кои 17 се во населени места, а другите 5 дрвја се во Градскиот парк.

Градските власти информираат дека екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегле на терен за да ги расчистат паднатите гранки и дрвја, а се санираат и скршените гранки коишто висат од дрвјата и претставуваат опасност за минувачите.

Од Градот апелираат до граѓаните да бидат внимателни и претпазливи при движењето покрај дрвја и дрворедите, а воедно ги замолуваат за трпение додека траат активностите за расчистување на штетите предизвикани од обилните врнежи на снег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.