На денешната граѓанска трибина на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Бутел, Велимир Смилевски, истакна дека се она што било предвидено, планирано и поставено како приоритет е реализирано или започнато да се реализира во Општина Бутел, и ги презентираше идните планови и проекти кои ќе го подобрат животот на бутелчани, ветувајќи дека следните четири години мандат ќе бидат полесни.

„Ќе ги видиме изградени и полициската станица и противпожарниот пункт, и градинката, и училиштето. Но, ви најавувам и нова градника во Расадник, ново училиште во село Љуботен, нови детски игралишта. Жителите на Скопје Север, Радишани и Живко Брајковски ќе добијат монтажни катни гаражи. Бутелчани ќе добијат плоштад, зелен парк и спортски центар. Младите ќе добијат културен центар во Радишани и мултифункцонален центар за забава. „Радишанска“ и „Бутелска“ ќе бидат целосно реконструирани, а бизнис заедницата ќе биде партнер на општината во креирањето на развојните политики. Процент од општинскиот буџет како и досега ќе биде одвоен за локалниот младински совет. И младите ќе бидат наши партнери“, посочи Смилевски..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.