Министерството за внатрешни работи (МВР) на територија на општина Ѓорче Петров вчера изрекла вкупно 205 санкции.

За возење без возачка дозвола санкционирани се 34 лица, откриени се 27 технички неисправни и нерегистрирани возила, а казнети се 13 лица за неносење заштитна маска.

На територијата на град Скопје, пак, во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 509 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 75 прекршоци, 66 мерки за технички неисправни возила, 41 за некористење на сигурносен појас, 91 за непрописно паркирање, 74 возила подигнати со специјално возило „пајак“ и 44 казни за неносење на заштитна маска.

Од МВР соопштуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.