Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок со скопските градоначалници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Се очекува, на состанокот да се дискутира за можноста локалните самоуправи да се вклучат во справувањето со коронавирусот.

Мора на секое ниво да се јакне свеста за превенција од коронавирусот, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Повеќе од 40 големи кластери со коронавирус се регистрирани на територија на целата држава, а според надлежните, тоа е резултат на непочитување на мерките за лична заштита, дистанца и избегнување групирања и собири.

Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје, во државава се потврдени 101 нов случај со Ковид-19, вкупно дијагностицирани се 5.106. Најмногу заразени се дијагностицирани во Скопје – 2.498, од кои најголем број 384 во oпштината Чаир. Бројот на активни случаи во градот изнесува 1.699.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.