Последните три денови Центарот за јавно здравје има само еден тестиран сомнителен на Ковид 19 и тоа во денешниот извештај, за разлика од претходните два дена кога нема ниту еден, анализира „Фокус“. Скопскиот Центар е задолжен само за тестирањата од пунктовите, односно од скопскиот регион како што се сите други центри од другите градови, чии податоци од тоа колку заразени и починати има на крај се слеваат во Институтот за јавно здравје под раководната палка на Шабан Мемети.

Оттука, остануваат нејасни прашањата која е причината што Центарот за јавно здравје во Скопје има толку малку тестирања, односно освен сега што на извештајот бројката е нула, слична била и ситуацијата кога заразата букна повторно во јуни, па секој ден имаше од 120 до 200 нови случаи. И во тој период, Центарот за јавно здравје имал денови кога немал ниту едно тестирање.

Целиот текст на „Фокус“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.