По двомесечната пауза скопската Зоолошка градина најверојатно овој петок ќе ги отвори вратите за посетителите. Ова за „Фокус“ го потврди директорот Ѓорѓи Галетановски, кој кажа дека имаат најава дека до петок ќе имаат зелено светло за работа од Владата.

Ние сме спремни. Зоолошката е голем отворен парк, кој може да се контролира. Ќе работиме по протокол. Целосна дезинфекција, вработените маскирани, дезинфекција за посетителите. Редари ќе внимаваат на растојанието и се што е потребно. Посетителите се нестрпливи, секојдневно прашуваат и се надеваме дека во петок ќе отвориме, вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.