За прв пат во историјата, еколошките организации од целиот Балкан се здружуваат во заеднички протест против загадувањето на воздухот!
9 градови до 5 држави на 28-ми февруари (петок) во 18:00 ќе излезат заедно на улица во знак на солидарност во оваа борба!

Скопје, Белград, Приштина, Призрен, Подујева, Подгорица, Сарајево, Зеница и Бања Лука, градови кои еднакво се погодени од загадувањето, сега се наши браќа и сестри во оваа кауза!
Време е да се обединиме заедно, како народ од сите држави, против одлуки и политики кои дозволуваат загадување на нашиот воздух, нашите деца и нашата иднина. За смогот граници не постојат, истото важи и за нас! БАЛКАНОТ БАРА ЧИСТ ВОЗДУХ!
Се гледаме во Петок во 18:00 пред Министерство за Животна Средина!, соопштуваат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.