На подрачјето на градот Скопје во четврток ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.

Авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се одвива во четврток во раните утрински часови, а во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција, информираат од Град Скопје.

Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, додаваат од Град Скопје, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Градот Скопје досега има извршено три прскања (авионско и терестрично) против возрасни форми на комарци и едно прскање (авионско и терестрично) против ларви од комарци.

Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.