Алармантни се податоците кои ги покажуваат мерните станици за квалитет за воздухот, пренесени од апликацијата „Ер Вижуал“. Скопје вчеравечер беше 5-ти најзагаден град во светот, а прв во Европа.

Прв најзагаден град во светот бил Лахоре во Пакистан, пред Делхи и Калкута во Индија. Од европските градови Сараево е на 15 место, Приштина на 19, а Белград на 28 место.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), на листата на десетте најзагадени градови во Европа, пет се на Балканот, од кои три се од Македонија – Скопје, Тетово и Битола, следи Тузла (Босна и Херцеговина) и Плевља (Црна Гора).

Минатиот месец исто така мерните станици покажаа дека бевме прва најзагадена земја во Европа, а шестта во светот, како што навлегуваме во зимскиот период ситуацијата се влошува.

Ништо подобра не е состојбата во другите градови од Македонија. Во четвртокот во Битола против високото аерозагадување се одржаа и протести пред Општина Битола. Министерот за таа цел пред неколку дена излезе со апел граѓаните да не излегуваат од своите домови без причина и да јадат многу овошје и зеленчук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.