Скопје интензивно се подготвува за посетата на папата на 7 мај. Работниците на плоштадот работат на поставување на бината од која што папата во вторник ќе држи миса. Просторот е ограден со бели огради. Се креваат канделабри, се врши интервенција на Фонтана-прскалка на плоштад Македонија. А деновиве беа отстранети и дрвја на улица Македонија. Вчера, владата од жителите на строг центар побара на 7 мај да ги извадат своите автомобили, за време на посетата движењето низ центарот на главниот град ќе биде строго ограничено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.