Воздухот во Скопје и вечерва опасен по здравјето на луѓето. Речиси 500 ПМ 10 честички на метар кубен вечерва мери мерната станица во Ново Лисиче.

И други мерни станици низ Скопје се во виолетовата зона. Па така, во Маџир Маало измерени се 322 ПМ 10 честички, во Гази Баба 298, Кисела Вода 292, Карпош 4 207, Ѓорче Петров 162.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.