Град Скопје објави тендер за новогодишно украсување на улиците, булеварите и плоштадите низ градот. Проценетата вредност на договорот е 200.000 евра без ДДВ.

Декорирањето и украсувањето за време на новогодишните празници треба да е на високо естетско ниво, во духот на модерното време на живеење, со современ и атрактивен дизајн, уметнички и ликовни ефекти – сe наведува во тендерската документација објавена на сајтот на Бирото за јавни набавки.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека градот кон почетокот на декември ќе биди украсен, а дали ќе има новогодишен пречек и дали ќе се одржи манифестација „Винтерленд“, ќе зависи од епидемиолошката слика односно од состојба со корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.