Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа шитум Македонија се направени 2327 тестирања, регистрирани се 400 нови случаи на Ковид-19, од кои на територија на Скопје се 198.

Од почетокот на пандемијата досега во Скопје се регистрирани 38.809 случаи на коронавирус, додека пак активни се 7352.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава изнесува 89392, бројката на оздравени пациенти е 73983, на починати е 2726, а бројот на активни случаи изнесува 12683.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.