Скопје синоќа повторно се најде во врвот на најзагадени градови во светот. Според веб страницата еир висуал каде се објавува листатат на најзагадени градови, Скопје е на петто место како најзагаден град во Европа. Пред Скопје се само градови од Индија, Пакистан и Бангладеш. Скопје е најзагаден град во Европа. И без податоци од двете мерни станици во најзагадените општини кои веќе неколку месеци не работат, Скопје континуирано е во врвот на најзагадени градови во Европа.

Кривата која ги прикажува дневните концентрации на ПМ10 честички објавена на сајтот на министерството за животна средина јасно го покажува порастот на загадувањето. Денеска граѓани го наполнија Водно, не веруваат во мерките кои ги преземаат градските власти во борба против загадувањето и велат дека се приморани да се справуваат како знаат и умеат.

Додека граѓаните чекаат ефикасни и конкретни мерки останува надежта за ветровити денови кои во изминатиот период се покажаа како најефикасно оружје против загадениот воздух.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.