Од моментот кога се слушна последното судиско свирче, почна славјето на македонските граѓани. Петарди, свирки, пеење по тераси – се слави победата на Македонија.

Дел од граѓаните веќе се собраа и во центарот на Скопје и ја блокираа улицата кај Рекорд.

Ова ли е европски кластер?, коментира корисник на социјалните мрежи, со тоа и потсетувајќи дека сме сред пандемија, а бројките денеска повторно се алармантни.

Да се внимава како се слави предупреди и министерот за здравство Венко Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.