Скопје дише загаден воздух зошто владата 5 години еден денар не одвои за да го намали загадувањето, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пет години Заев и неговиот пиун Ковачевски не направија ниту еден проект за намалување на загадувањето на воздухот. Проблемот со решавање на загадувањето на воздухот е системски проблем чие решавање треба да дојде од владата. А, владата нема план и понатаму како да се справи со загадувањето на воздухот, велат оттаму.

За разлика од владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ, Град Скопје и општините прават се што е во нивна можност да го намалат загадувањето, но без работа од страна на владата поголеми резултати не се возможни, затоа потребни се предвремени парламентарни избори и избор на нова влада која ќе се бори против загадувањето на воздухот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.