Наезда на комарци во Главниот град. Граѓаните се жалат дека во поладневните часови не можат да излезат од своите домови, особено децата бидејќи има голем број на комарци, бараат од локалната власт почесто да се врши дезинсекција бидејќи топлото врме и инсектите може да бидат и причика за зарази.

Многу комарци има, страшно е најмногу за децата, особено во попладневните часовии- Треба почесто да се врши дезинсекција – велат граѓаните за Алфа.

Градоначалникот петре Шилего се правда, немало проблем со комарците оти во Скопје се прскало. Додека граѓаните се жалат на отоци и убоди од комарци, Градоначалникот на Град Скопје, смета дека нема потреба почесто да се прави дезинсекција, бидејќи ситуацијата и не била толку алармантна.

Следно прскаше против комарци според најавите на градоначалникот Шилегов ќе биде 7 дена.

Извор: ТВ Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.