Скопје е метропола, главен град кој треба да биде огледало на државата, а Скопје со Шилегов тоне во смет, а кога ќе се исчисти градот, Шилегов се фали како да направил некој капитален проект. Сметот и дивите депонии се уште едем проблем плус кога воздухот е загаден и градот се гуши. И вечерва мерните станици низ Скопје покажуваат 2-3 пати зголемена загаденост над дозволеното, а уште не е ни почната зимата, се вели во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Што ќе го очекува Скопје во декември, јануари и февруари? Скопјани и оваа година систематски ќе се трујат затоа што Шилегов не си ја работи работата. Три години откако ветуваше чист воздух веднаш, а ништо не направил. Ништо не е преземено. Скопје е оставено да тоне во смог, а граѓаните да се гушат. Тоа го констатира и ЕК која посочува на неработата на Шилегов и Заев. Ниту во ЕУ ќе влеземе, ако не ги исполниме критериумите за заштита на животната средина и спречување на загаденоста на воздухот. А на таа тема Шилегов и СДСМ ништо немаат направено, велат тие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.