Скопјани денеска исто како и вчера максимално го користат скратениот полициски час за посета на излетничките места. Најголем дел од граѓаните не носат маски, па поради големиот број на луѓе на мал простор дистанцирањето е речиси невозможно. Но затоа, наместо маски, за граѓаните најсигурно средство за дистанцирање се нивните автомобили.

Па така речиси целиот пат до Сопиште беше исполнет со автомобили, додека на Водно можеа да забележат и вистински рекреативци.

извор: 24info.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.