Во пресрет на православниот Бадник, и денеска во месноста Говрлевска краста, на јужните падини на Водно, беше организирана традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2019.
Оваа прослава традиционално се одржува по 27-ти пат и истата е во организација на Здружението за традиционална прослава на Бадник.

Средбата, како и секоја година, почна точно напладне, кога почне и симболичното сечење на бадниковото гранче, најпрво од страна на кумот и здравичарот Љупче Николовски и Миливое Алексиевски, како и минатогодишниот кум и здравичарот, градоначалниците на Град Скопје, Петре Шилегов, на општина Центар, Саша Богдановиќ, претставник од општината Сопиште и други поканети гости и членови на естрадата.

Со овој собир на скопјани им беше обзнането дека се е подготвено за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари, на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде ќе се делат бадникови гранчиња, нафората и топла ракија во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот христијански празник Божик. Кумот за Бадник 2019 со пајтон ќе замине со преодниот куп откако ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ г.г.Стефан, велат од Одборот.

Традицијата на украсување на домот со бадникови гранчиња кои се христијански симбол за здравје, живот и вечна среќа, датира уште од IV век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.