Силниот ветер предизвикан од невремето, скрши крошна од липа засадена во паркот Жена-борец, во центарот на Скопје, објави Нова Македонија.

Крошната паднала врз двете коловозни ленти на улицата меѓу Градскиот трговски центар и Градската општа болница „8-ми Септември“.

Во моментов, полицијата го регулира сообраќајот на тој дел од улицата, сè додека не се отстрани стеблото од коловозот.

фото: Нова Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.