Утрово од 8:00 часот од зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија започна протестот на бившите вработени од ОХИС-Скопје. Штрајкувачите продолжија пред Собранието и Министерството за правда, а сега револтот го искажуваат пред зградата на Владата.

Како што велат поранешните вработени, на протестот ќе бидат изнесени факти за големиот криминал во тек на стечајната постапка и продажбата на фабриката ОХИС, а истовремено на вработените ќе им се обрати адвокатот, којшто правно ги застапува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.