Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска го најави започнувањето на уредувањето на плочникот влезот на ГТЦ и градскиот плоштад, проект го објасни на денешната прес конференција.

Ова е еден од најзапуштетните простори во централното градско подрачје, а во наредниот период ќе се одвиваат градежни активности што ќе значат целосно осовременување и целосен нов лик на овој простор. Тука е и местото каде што е родена Мајка Тереза која во 80-тите години го засадила дрвото во малото паркче, место што претходно беше продадено за да се изградат шпанските скали. Овде ќе ја покажеме различноста, со нов и модерен јавен простор што граѓаните го заслужуваат, изјави Шилегов.

Како што најавија од градот, пред ГТЦ, освен плочки од три вида, на површина од речиси 5 000 квадратни метри дополнително ќе бидат засадени 22 костени, ќе биде изведена патека за лицата со инвалидитет, а ќе биде поставена и соодветна урбана опрема со оптимален број клупи, корпи за отпадоци, осветлување и заштитни столбови.

(Фото – Град Скопје)
(Фото – Град Скопје)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.