Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска го прослави 50. роденден. Тој на „Фејсбук“ ги сподели роденденските торти кои ги добил.

Ви благодарам на сите за роденденските честитки. Моите желби се исти како и вашите, да бидеме среќни, да се радуваме на животот и заедно да ги славиме убавите моменти.

 

Но, една од најголемите желби за радост ми се искрените детски насмевки, а сите знаеме колку децата се радуваат на родендените и тортите. Затоа, овие роденденски торти коишто денес ги добив, ги праќам за децата од “СОС Детско село“, „Дневниот Центар за деца на улица“ и „Дневенот центар за лица со Даунов синдром“, Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија и искрено посакувам и се надевам дека нивните желби, ќе бидат наша реалност. Да им посакаме да бидат здрави, среќни и радосни, напиша Шилегов.

Тој ја искористи приликата  и повика на помош и донации за:

Здружението „Трисомија 21″ за помош и поддршка на лицата со даунов синдром на сметка – 380177189101121 и на здружението за заштита на правата на детето со сметка – 300000001103896

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.