После изборите ќе ми дадат зелено светло да почнам со рушење на спомениците oд проектот „Скопје 2014“, најавува скопскиот градоначалник Петре Шилегов во интервју за грчки „Етос“, во кое го образложува планот за целосно демонтирање на сите споменици и фасади кои беа дел од проектот.

Шлегов, како што пишува „Етос“, е член на СДСМ и е охрабрен од премиерот Зоран Заев да го спроведе проектот за рушење на спомениците во центарот на градот.

Шилегов истакнува за „Етос“ дека проектот Скопје 2104 е криминално дело на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ. За крај, истакнува дека е негова должност да ги тргне спомениците и да го врати лицето на градот.

Целото интервју, кое го пренесоа повеќе грчки медиуми, читајте го тука. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.