Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, преку Фејсбук-статус информира дека возачот на запалениот градски автобус безбедно ги симнал патниците и сам се обидел да го изгаси пожарот.
„Двокатен автобус на ЈСП Скопје што сообраќал на линијата со број 5 утрово се запали на улицата „Ѓорче Петров“, во близина на општинската зграда. Меѓу патниците во автобусот нема повредени.
Шест пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш пристигнаа кај запалениот автобус, со две возила, а нивната брза интервенција овозможи огнот да биде изгаснат и да не се предизвикува дополнителна штета.

Според сведоштвото на возачот, еден од патниците што се возел на горниот кат, алармирал дека се појавил чад. Возачот веднаш го застанал автобусот, ги симнал патниците и се обидел сам да го изгасне пожарот со противпожарен апарат, но не успеал, па ги повикал пожарникарите кои веднаш дошле на местото на настанот и проширениот пожар го ставиле под контрола и го изгаснале. Екипите на Министерството за внатрешни работи вршат увид на местото на настанот и ќе утврдуваат причините за пожарот“, стои во неговиот статус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.