На социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден се објавија фотографии на кои се гледа дека голема метална конструкција се поставува на Кејот 13 Ноември. Од фотографиите се гледа дека таа треба да служи како летна тераса во некој од угостителските објекти. Твитерџиите ги повикаа градоначалникот и градскиот портпарол да и објаснат на јавноста за што станува збор, но од градската администрација се уште молчат.

На почетокот на оваа година, градоначалникот Шилегов најави дека планирани со градежни работи за целосна реконструкција на Кејот 13 Ноември, со што ќе се реши хаосот и безредието кое владее на овој дел од центарот на градот. Шилегов тогаш најави дека ќе се изврши демонтажа односно уривање на постоечките летни тераси на кафулињата кои се распослани по речиси целата ширина на кејот и повеќе наликуваат на објекти отколку на летни тераси.


Кејот 13 Ноември е еден од најатрактивните јавни простори во нашиот град кој е сериозно девастиран како простор во кој владее целосен хаос и безредие. Немам намера тоа да го дозволам туку на скопјани ќе им дадам еден репрезентативен јавен простор по светски стандарди. Градот нема да биде заложник на неколку локали од кои три се на еден човек. Разговарам со бизнис заедницата да се најде оптимално решение, но компромис околу слободен јавен простор и репрезентативност на кејот не може да биде правен на штета на граѓаните – изјави Шилегов неодамна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.