Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во статус на Фејсбук објави дека Град Скопје утре ќе ја почне постапката за уривање на две од трите галии кои се наоѓаат во реката Вардар.

Откако се создадоа правни услови, дадов налог да се раскине договорот и да се наплати банкарската гаранција и за втората од трите галии во коритото на реката Вардар.

Постапката за извршување (отстранување) на галиите, ја започнуваме од утре, кај надлежен извршител.

Сакам да напоменам, дека отстранувањето на галиите и раскинувањето на договорите, ќе немаат никаква буџетска импликација по буџетот на Град Скопје, напиша Шилегов на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.