Градоначалникиот на Скопје, Петре Шилегов, реагираше по информацијата дека Дино Мерлин ќе биде платен 100.000 евра за новогодишниот настап на скопскиот плоштад.

Шилегов тврди дека пејачот нема да биде платен од буџетот на Градот.

Почитувани непочитувачи…гледам дека сте се распишувале за Дино, Винтерленд, колку, што, како … (при тоа ретко кажувате дека тоа не се наши, буџетски пари, туку спонзорски). А колку чини среќата на Скопјани? – напиша скопскиот градоначалник Петре Шилегов на Фејсбук.

Понатаму тој пишува:

Колку чини оваа среќа, љубов, незаборавни моменти на Скопјани ? Моменти што животот го прават убав, полн со сеќавања. А сеќавањата се нешта што стареат со нас, добиваат вредност со нас, со нашите години, со нашите спомени. Радоста и сплотеноста на Скопјани е мноооогу, многу повредна од Вашата црна кампања. Ваш е изборот. Искрено се надевам дека ќе најдете сила да ја пронајдете и поубавата страна од животот. Дотогаш, барем радувајте се на туѓата среќа. Така полесно ќа ја најдете и сопствената – напиша тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.