Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, откако беше прозван од неговиот колега, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, дека врз него се вршело притисок за да се урне само една од трите платформи на Матка, со цел да се замачкаат очите на јавноста, изјави  дека тврдењето на Беџети е делумно точно.

Јас побарав да се сруши платформата која што беше започната да се гради годинава, а за која градоначалникот на Сарај тврдеше дека е постоечка и дека се врши реконструкција. Всушност, реакцијата на јавноста, реакцијата на скопјани, беа токму за градењето на таа предметна платформа, а гледам дека се проширува. Поради тоа го повикав Беџети кај мене во кабинет и од него побарав предметната платформа да биде предмет на рушење. Тој изјави дека и останатите две се дивоградби. Ние немаме никакви ингеренции за дивоградбите, каков е статусот на останатите две платформи во езерото Матка ми е непознат. Тогаш како градоначалник на Скопје изреагирава на тоа што сите во тој момент реагираа – рече Шилегов на денешната прес конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.