Во генералниот урбанистички план, кој се подготвува и ќе се усвојува во 2022 година воведува хуманизација на просторот и нема да има ознака за изградба на капацитети на тешката индустрија, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата за град Скопје Петре Шилегов, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Шилегов најави дека јужната обиколница која ги сече падините на Водно ќе ја избрише од ГУП-от и дека тешката индустрија ќе мора да се исели од градот.

Железарница и Цементарница на пример ќе мора да се иселат и тоа е зборувано со нивниот менаџмент. Тоа ќе биде сложена операција, сериозен процес за дислокација на тие капацитети, но градот мора да се хуманизира, нагласи Шилегов.

Тој додаде дека на Скопје му се случила бетонизација, бидејќи граѓаните не биле вклучени во процесите на носење одлуки.

Шилегов нагласи дека токму поради ваквите гледишта ќе ја добие поддршката од невладиниот сектор, бидејќи се на иста линија по многу прашања.

Тука е корпусот од каде јас ја очекувам поддршката и мислам дека и членството на СДСМ ќе се подразбуди, како и луѓето што не сакаат државата да се враќа назад и невладините организации, истакна Шилегов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.