Петре Шилегов продолжува да го превработува градот Скопје од кој прави партиски штаб. Сега тој преку претпријатието Комунална хигиена склучи нов договор за привремени вработувања во износ од 9 милиони денари, односно 150 илјади евра, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакна Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Овие вработувања се партиски во пресрет на изборите и ова претставува злоупотреба на состојбата за да Шилегов наместо да го помогне градот, ја помага партијата. Вчера објавивме дека за партиски вработувања во Дрисла ќе потроши 8.6 милиони денари или 140 илјади евра. Само преку Дрисла и Комунална хигиена за нови партиски вработувања Шилегов ќе потроши речиси 300 илјади евра. Ова се вика изборен поткуп и злоупотреба на парите на скопјани со кој располага Шилегов. Нема објаснувања за зголемен обем на работа ниту на кој начин ги оправдува ваквите трошења за партиски вработувања, велат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.