Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска присуствуваше на засадувањето на новите јапонски цреши на улицата „Максим Горки“. Тој додаде дека градот продолжува да се грижи за зеленилото

Во 2017 година е констатирана болеста на дрворедот на цреши. Затоа влеговме во набавка за нови јапонски црешки, а нивниот животен век е 30-40 години. Сериозно инвестираме во зеленилото и за разлика од претходниците, не сечеме дрва за да градиме згради. Знаеме дека 70 отсто од зеленилото е уништено во проектот „Скопје 2014“, истакна Шилегов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.