Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, пред партиските органи се пожалил дека загубата на Град Скопје била сосема неочекувана и се случила токму поради разединувањето на партијата, објавува ТВ21.
Новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски, пак, пред партиските тела порачал дека новите предложени лица не доаѓаат за функциите, туку напротив тие се веќе реализирани луѓе кои само ќе донесат дополнителна сила и обединување во партијата. Ковачевски повикал да не се случуваат фракции во партијата, бидејќи пред само еден месец разговарале за обединување, а единствен мотив на поранешниот лидер Зоран Заев бил да се врати партијата на власт.
Претходно, ТВ21 објави дека Ковачевски повлече еден од десетината предлози за нови лица во партиските тела бидејќи бил на листата за советници на ЛДП за време на локалните избори, а тоа го дознал непосредно пред одржувањето на партиските тела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.