Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на Фејсбук се пофали со нов проект во градот – ја бојадисале заштитната ограда на клучката кај хотелот „Континентал“.

За да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, заштитната ограда на клучката кај хотелот „Континентал“ деновиве беше бојадисана и обновена на деловите каде што претходно беше оштетена. На обнова на оваа заштитна ограда работеа екипите на ЈП „Улици и патишта“, објавија на Фејсбук од Град Скопје.

Набргу потоа и Шилегов ја пренесе оваа радосна вест на неговиот профил на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.