Петре Шилегов преку неговата институција ЗОО Скопје извршил и потрошил само за неколку месеци половина милион евра во набавки и наводни градби во Скопската Зоолошка градина, алармира Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ.

Петре, мило ми е што здравствена состојба Вие одлична и што се враќате на работа т.е повеке би напишал во канцеларијата од која вршите матни зделки. Ќе ви напишам следно: Ниту градот е убав со вас, а Скопје е една посебна тажна приказна од вас, Скопје е ограбено од вас, од Вашата работа, му порача Кирков.

Додаква дека далеку од очите на јавноста, зад сомнителните зделки за набавка во време кога цела Европа е во кризна економска состојба, а не пак Македонија, Градот склучува договор за изградба на живеалиште за птици Фламинга вреден 300.000 евра.

За да е се така сомнително… Зад истото живеалиште како донатор и спонзор де јавува „Адмирал Казино“, па и од тука го прашувам Петре…. За што е платено толку многу небаре зграда се праи со таква инвестиција, погледнете слики и зсклучете сами дали овс катче може да вреди толку!!?! И пак се е чудно драг Петре Шилегов…. Набавката ја објавувате и склучувате договор за неполни 3 дена…. Чудно…. А и дали во овој момент овие инвестиции беа потребни кога Државата нема медицински помагала, кога се е во кризна ситуација…..
Почитувани, погледнете ги набавките во табелата подолу, 500 000 евра за наводни реквизити, диносауруси, сено и сл….. Додека Државните институции не го проверат ова и се додека е оваа хунта на власт и во целост криминална влада ви порачувам дека деновите ви се одбројани… одговорност МОРА ДА ИМА!!!, порача Кирков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.