Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов за три години потрошил неверојатни 741 илјади евра за новогодишни китења низ Скопје, но никако да најде 26 милиони евра за санација или дислокација на Вардариште, анализира „Курир“.

Пред два дена градоначалникот на Скопје, Шилегов  рече дека депонијата Вардариште генерирала смрдеа и загаденост во скопските населби, кој проблем е сериозен, па рече дека ќе направел трајно решение, но за истото биле потребни 26 милиони евра за целосна санација на депонијата.

Во август месец годинава Шилегов изјави дека според студијата што Градот ја има направено за примарна заштита на просторот и целосна санација „потребни се некаде околу 40 милиони евра кои Град Скопје за жал ги нема“, велеше тогаш Шилегов.

Шилегов пред три и пол години најави дека ќе има решение за загадувањето и расчистување на депониите во чие соопштение од 04.07.2018 стои дека „Сакаме да појасниме дека од Буџетот се тргаат средства наменети за проект за расчистување на депонијата Вардариште“, после три години сеуште нема решение, ниту пак некаков проект освен студијата колку би чинела санацијата на депонијата, не е спроведен од страна на Градот Скопје.

Наспроти ваквите тврдења на скопскиот градоначалник, во 2018, 2019 и 2020 година и овогодинешниот нов тендер за новогодишно китење во износ од 200,000 евра, вкупно за четири години Градот потрошил над неверојатни 940 илјади евра за новогодишни китенки, од кои да потсетиме дека само 23.000 евра беа потрошени за китење на ГТЦ само во 2019 година, но пари за депонијата Вардариште сеуште нема.

Излегува дека на Градот Скопје приоритет му се новогодишните сијалички, отколку да инвестира барем половина од парите дадени за новогодишни китења во справување со отпадот, депониите и решавање на загаденоста, и исполнување на ветеното од Планот за чист воздух, скопјани можеби немаше да се дават во смет и да умираат како последица од загадениот воздух.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.