Фараонот Петре Шилегов купува урбана опрема за потребите на град Скопје по екстремно високи цени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Фараонот Шилегов во 2020 и во 2021 година платил 1.500 евра за една чешма, додека за идентична таква чешма во 2019 година платил 1.150 евра.

За една година чешмите кои ги набавува фараонот Шилегов станале поскапи за 350 евра, или колку една плата на граѓаните.

Фараонот Шилегов во 2021 година купил 19 чешми кои се за околу 350 евра поскапи од чешмите кои биле купени во 2019 година. Фараонот Шилегов само за една година за набавка на чешми платил околу 6.650 евра повеќе, се вели во нивното соопштение.

Разликата помеѓу цената која фараонот Шилегов ја платил за една чешма, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, се пари кои можеле да се искористат за голем број на капитални проекти или купување на неопходни работи за градот.

Наместо целосходно да ги потроши овие 6.650 евра фараонот Шилегов реши да ги плати за поскапи чешми.

4 години фараонот Шилегов, 4 години расипничко работење, 4 години украден живот. Доста е!, се вели во партиското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.