Залудни беа апелите на скопјани, се додека штетата не се направи. Повеќе од месец дена скопјани бараа поголем број на автобуси за да не се создаваат нови кластери од неподносливите гужви среде пандемија, но тие барања не беа доволни за градоначалникот да ги послуша.

Наместо тоа, градоначалникот Шилегов беше убеден дека има доволен број на автобуси и реши да штеди по цена на здравјето на граѓаните.

Додека скопјани постојано се жалеа на гужвите поради редуцираниот број на автобуси, Шилегов ги убедуваше дека нема доволен број на патници. Не помагаа ни фотографиите кои граѓаните ги споделуваа по социјалните мрежи на кои се гледаат преполните автобуси, каде не се почитува ниту дистанца ниту пак донесените прописи за исполнетост до 75% во автобусот.

Се зголеми бројот на луѓе кои имаат потреба од користење на јавен превоз. Граѓаните се вратија на своите редовни обврски, почнаа да важат ученичките билети, на работа да се вратат беа приморани и лицата со хронични заболувања, а почна да функционира и „Мој термин“, но сепак не се зголеми бројот на автобуси.

Не беше доволно ни тоа што и временските услови налагаат поголемо користење на автобусите, градоначалникот Шилегов и натаму сметаше дека нема гужва, за да на крајот штетата се направи.

Во Скопје последниве 5 дена имаше 444 новозаразени од коронавирусот, бројката на активни случаи се повторно надмина 1.000, и тогаш градот се сети дека треба поголем број на автобуси.

Поради штедењето и инаетот на градоначалникот Шилегов настрадаа граѓаните на Скопје и нивното здравје. Незамисливо е како требаше да се направи штета за да се реагира, а можеше да се спречи уште пред еден месец. Се што требаше беше да Градот Скопје пушти во промет поголем број на автобуси во јавниот превоз за да се избегнат гужвите. Сепак, Шилегов се одлучи да ги ризикува животите на граѓаните и од автобусите да направи корона кластери, за да на крајот глуми спасител, иако е главниот виновник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.