Новиот вршител на должност директор на „Дрисла“ денеска официјално ја презема функцијата, соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

– Во текот на денешниот ден во мојата канцеларија имав средба со поранешниот и сега веќе сегашнит в.д. директор на депонијата, официјално беа врачени решенијата. Во моментот се извршува попис за примопредавање на активностите и јас очекувам дека за ден два ќе заврши целиот тој циклус со цел Градот да го воспостави и фактичкото владение врз „Дрисла“, нагласи Шилегов.

Одговарајќи на новинарско прашање околу информацијата што беше објавена во медиумите дека во земјава во период од две години се увезени околу седум милиони тони отпад, тој наведе дека од она што го дознал од Министерството за животна средина, не станува за отпад што се депонира, туку за отпад што се користи во индустриски цели.

– Министерството за животна средина и просторно планирање ја има точната евиденција и на количините и на субјкетите и на бројот на дозволите што се издадени, меѓутоа по она што од таму ми е кажано не станува збор за отпад кој се депонира, туку за отпад што се користи во индустриски цели, податок што е куриозитетен е дека најголем увозник се јавува „Макстил“, а предмет на увоз отпад е старо железо.

Коста Начевски е вршител на должност на Јавното претпријатие „Дрисла“, откако претходно од директорската позиција беше разрешен Горан Ангелов. Централниот регистар вчера и официјално го впиша како вршител на должноста директор на Јавното претпријатие Дрисла, Коста Начевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.