Време е Шилегов да престане да глуми градоначалник и да ги засука ракавите да започне да работи. Петре Шилегов треба да знае дека функцијата градоначалник освен привилегии носи и одговорности, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Петре Шилегов година ипол како е градоначалник, а за Град Скопје ништо не стори. Не знаеме Шилегов колку е добар за својата партија, но за граѓаните не е. Петре Шилегов наместо градоначалник кој работи суштински проекти за граѓаните, тој е градоначалник за кого најголем дострел е промоција на автобуска постојка, рекламирање како вози тротинет и потпишување на меморандуми за соработка – стои во партиското соопштение.

Понатаму се додава:

Шилегов демонстрира подеднаква неспособност како и неговиот шеф Зоран Заев. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје и тоа се гледа од ден во ден, кој по година ипол позади себе нема ниту еден сериозен проект. Шилегов нема капацитет да го води Скопје. Шилегов мора да си замине.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.