Петре Шилегов наместо да води евиденција кој кров во чие време е изграден, нека засука ракавите и нека го среди хаосот во кој ги остави Скопјани дваесетина часа по невремето, велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, откако Шилегов на „Фејсбук“ објави фотографии од паднати фасади и кровови на објекти од „Скопје 2014“.

„Шилегов наместо да биде градски матичар на фасади и кровови, нека биде градски татко кој ќе почне да работи. Оштетени се повеќе кровни конструкции меѓу кој и на повеќе средни училишта под надлежност на Градот Скопје. 3 години се апсолутна власт и немаат никакво оправдување за својата неработа, но и за политиканството за некакво барање одговорност пред три години.
Тоа е признание дека ништо не сработиле овие три години. Скопје вчера го преживеа невремето и тоа е помала грижа во споредба елементарната непогода викана Петре Шилегов и Зоран Заев“, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.