Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов по првичниот неславен старт и проблемите со одржувањето на рамнотежа при управувањето на „Сегвеј’, сепак успеа да се одржи и да сврти некое кругче низ скопските улици.

Дека добро го совладал возењето на „сегвеј“ Шилегов се пофали и на Фејсбук.

„По почетното привикнување, за првпат на Сегвеј (еколошки двотркален самобалансирачки транспортер)“, напиша Шилегов и сподели видео на кое се гледа дека поминал низ добра обука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.