Бурни реакции во јавноста изминатите денови имаше за преименувањето на катната гаража „Македонска Фаланга“. Вчера се отстранија буквите од името на објектот, а денеска градоналникот уверува дека на овој потег се одлучил затоа што името не кореспондирало со Скопје. Дел од граѓаните, на социјалните мрежи, ова го оценија како акција со која македонскиот народ се самоизбришал од картата на народите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.