Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска истакна дека градежните работи кај мостот „Гоце Делчев“ ќе се одвиваат во наредните 40 дена.

Тој објасни дека станува збор за дилатација што не е извршена повеќе од 13 години и  затоа таму ќе има посебен сообраќаен режим.

Ќе треба да издржиме тие 40 дена, да имаме сообраќаен метеж или ќе падне мостот „Гоце Делчев“. Лето е, луѓето не се толку присутни и вистинско време е да ја извршиме таа дилатација на мостот, изјави Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.