Активистката Прва метла од Не биди ѓубре, односно актерката Ирена Ристиќ сподели апел да му се помогне на семејство од Соње, чиј што имот до темели изгорел во вчерашниот пожар во овој крај.

Овде не мора да се гаси, мора да се спаси, пишува Ристиќ. Во објавата на групата Не биди ѓубре наведува дека за луѓето е потребно привремено сместување, храна и вода, храна за кучиња, покуќнина, средства за хигиена.

Знам дека не е ок тебе да те гњавам, ама од кај Шилегов ме игнорираат последниве неколку саата, а онаа од Лајка пак го сменила бројот. Случајов е итен: синоќа во Горно Соње изгоре семејна куќа на посиромашно семејство од 6 члена и 7 кучиња. Луѓето буквално се на празна ледина, до гаќи, до лажичка, се им е изгорено. Едното куче загинало во пожарот. Другите 6 сега се без храна. Водата што им ја носат на луѓево, ја делат со животните. Немаат ниту зрно храна. Семејствово некако ќе најде засолниште по роднини, ама за кучињава немаат чаре. Ме преколнуваат да помогнам со привремено здомување додека да застанат на нозе. И со храна итно! Ваљон кај Шилегов вети, ама не ѝ се јави на Тина, Ана и Биљана Николови

Број за контакт +389 75 971 844
Акција!!!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.